Фасцинантно: Двојка ја искористи пандемијата да направи минијатурна верзија на куќите од нивното детство

18 март 2021

Маж и жена од Канзас , Ени и Клиф, времето поминато дома за време на пандемијата го претворија во хоби, кое наиде на фантастични реакции.

Имено, тие создадоа минијатурна куќа за кукли, која всушност е комбинација од куќите во кои пораснале.

Нивната минијатура содржи 10 соби, има гаража, градина дури и подрум.

Она што уште повеќе фасцинира е што во целата инсталација имаат спроведено и струја, така што има светло и во гаражата, исто и во собите, камин, машина за алишта итн...

Инаку, и двајцата имаат искуство во дизајн на интериер и внатрешно реновирање, така што не изненадува што имаат совршено чувство за уредување и како куќата треба да изгледа. Ни, ова е првпат да направат ваков импонзантен проект.

Клиф за минијатурите се заинтересирал првпат во 2017 година, а ова нивно дело става вирално на социјалните мрежи.

Тие отворија дури и инстаграм профил @minimodernhouse, кој досега го следат преку 40 илјади луѓе.

„Беше прекрасно да се помине квалитетно време со мојата сопруга и од ништо да се создаде нешто“, ќе каже Клиф.

Во продолжение погледнете ја одблиску оваа мини верзија на куќата, фасцинантно е нели?

 

Објавено:
18 март 2021
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
602 пати