Покрај својата практична примена, огледалото отсекогаш имало и декоративна улога во внатрешното уредување.
Барокот, класицизмот и рококо стилот во архитектурата се веќе познати по големата употреба на огледала во внатрешните простории (само сетете се на импресивната Сала на огледала во дворецот Версај), а нивната рефлектирачка убавина отсекогаш била атрактивна и за сопствениците на големи и луксузни домови, особено оние кои се љубители на старинската естетика.
Но, кога ќе се спомене огледало како ѕидна декорација во контекст на современото внатрешно уредување, најчесто помислуваме на огледала со мали или средни димензии, во разни форми и со различни дизајни, кои ги украсуваат ѕидовите на нашите ходници, дневни и спални соби.
Но, овој француски тренд на поставување на предимензионирани огледала на подот во затворен простор, најчесто потпрени на самиот ѕид наместо да бидат закачени, е идеја која можеби вреди да ја разгледаме подобро одблизу.
Дури и кога станува збор за мали соби, големината на огледалото не треба да ве застрашува. Впрочем, огледалото има моќ визуелно да го прошири просторот и да внесе поголема светлина и свежина, па така, што поголемо огледало, толку подобро за малиот простор.
Во последно време на социјалните мрежи можеме да забележиме разноразни инспиративни примери за тоа како може едно големо огледало да се вклопи во ентериерот, во зависност од стилот на внатрешното уредување.
Со оглед на тоа што изборот на модели на големи огледала е навистина голем, можеме да ве увериме дека со добро истражување на пазарот ќе успеете да го пронајдете вистинскиот дизајн кој ќе го надополни вашиот дом, без разлика на тоа дали сте приврзаник на модерниот минимализам, рустичниот стил или пак преферирате богата и елегантна класика.
Ова се само некои од примерите кои ќе ве мотивираат да влезете во потрага по вашето идно големо огледало.
Фото: Pinterest