Пролетта е период од годината кога од затворените простории конечно ќе уживаме во кафе или топол напиток на балкон, барем оние што не се во можност да уживаат во убавините на дворот.
Ако сте во оваа група, во продолжение ќе погледнете како можете да го уредите балконот и максимално да уживате во убавото време и атмосфера.
Секако дека цвеќето е избор број еден за тоа како да внесете нов живот на веќе познатиот простор. Цветните аранжмани, односно саксиите се совршен и најлесен начин да го разубавите амбиентот.
Втора опција се секако сијаличките, кои даваат совршен амбиент во попладневните и вечерните часови и се супер избор за оние што ја сакаат романтичноста.
Интересни дрвени детали, предмети - фигури од дрво, скали, полици, се исто така еден од начините што можат да му дадат нов изглед на балконот, но и боите. Ако имате поголем балкон, не плашете се да играте со боја, па бојадисајте ги ѕидовите во некоја весела нијанса. Тоа е инвестиција која нема многу да ве чини, а ќе биде ефектна.
Во продолжение погледнете неколку идеи:
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram