Инспирација: Виолетова боја во ентериерот

11 ноември 2020

Сите имаме некоја боја која ја преферираме, но не секогаш сме доволно храбри да ја имплементираме во просторот.

Ако виеолетовата е вашата омилена, тогаш текстов веројатно ќе ви го привлече вниманието.

Темните нијанси на виолетова важат за кралски, симбол на луксузот и богатството. Во текстови кои се занимаваат со психологијата на боите се посочува дека оваа софистицирана боја која означува моќ ,луѓето ги означува како квалитет пред квантитет, идеалисти, со слободен дух.

Но, како да ја имплементирате во домот?

Виолетови ѕидови се навистина храбар избор и доколку се одлучите за таков чекор, сепак нека не доминираат во целиот дом. Само еден дел или пак ќоше, со што би се создал контраст се сосема доволни.

Мебелот во виолетова нијанса може значително да ја задоволи вашата потреба да уживате во омилената боја во домот. Опција е и постелнината да ви е во таква нијанса.

Ако сте од оние што сепак сакаат да играат на сигурно, послужете се со детали во виолетови нијанси. Перници, ламба, полици, слики на кои доминира виолетовата, потоа украсни предмети, ќилим се само дел од предлозите за тоа што се' би можело да биде обоено во оваа нијанса. 

Чиниите и приборот за јадење исто така се ефектен начин да внесете виолетова нота, како и цветните аранжмани.

На крајот, погледнете ги примерите во продолжение, ќе бидат добра инспирација ако сте на мисла да внесете некоја промена во домот, која не мора да подразбира голема инвестиција:

Објавено:
11 ноември 2020
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
423 пати