Ако преферирате ентериер прочистен од сите непотребни детали, простор во кој основата е минималистичкиот дизајн, тогаш Инстаграм профилот @scandinavian.interior е вистинската „дестинација" за вас.
Можеби барате инспирација како да го преуредите просторот дома или се вселивте во нов стан и сакате да го уредите во духот на перфектниот минимнализам, тогаш на овој профил ќе наидете на многу инспиративни идеи.
Бидејќи минималистичкиот дизајн е водечка карактеристика на скандинавскиот стил на уредување, неслучајно инспирацијата за овој профил е токму скандинавската естетика.
Чисти линии, слобода во просторот, пријатна палета на бои, природни материјали – сето ова во пакет ја дефинира содржината на ентериериерот во овој стилски правец, презентиран на овој профил.
Елегантно и чисто, без притоа да ја изгуби топлината со која треба да зрачи домот.