Како да го уредите изнајмениот стан?

5 април 2017

Без разлика што не станува збор за ваш сопствен стан, времето што ќе го поминете во изнајмениот простор задолжително треба да ви биде убаво и полно спомени.

Најчесто, становите што се изнајмуваат доаѓаат со стари парчиња мебел кои и не можат многу да се искористат, но она што вие можете да го направите е да го разубавите станот со мали детали во кои ќе уживате.

Иако на многумина станари кои живеат во изнајмен стан уредувањето не им претставува приоритет и речиси никогаш не можат да прават големи промени бидејќи така им налагаат сопствениците, но тоа не значи дека не можете да внесете малку позитивна енергија.

Бидете сигурни дека и малиот и изнајмен стан можете да го претворите во ваша оаза во која ќе уживате додека сте таму.

Она што прво морате да го направите е темелното чистење на просторот и отстранување на сите работи што се во сопственост на вашите претходници, а со кои можете слободно да располагате.

Спакувајте ги сите работи во неколку кутии и бидете сигурни дека истите нема да се оштетат во случај нивните сопственици повторно да ги побараат назад.

Откако ќе се ослободите од сите непотребни работи, посветете се на чистење на секој агол од станот, особено кујната и бањата за дополнително да се освежи просторот и почнете да ги распоредувате вашите работи.

Следното што треба да го направите е да ја покажете вашата естетика и да почнете да го украсувате просторот со сите работи кои ви се дозволени.

Покријте ги подовите со некое интересно килимче, а истото сторете го и со столиците и со каучот, со што веднаш ќе добиете еден посебен и уникатен изглед на старите работи.

Истото сторете го и со бањата каде ќе вметнете впечатливи и колоритни украси, ќе ја промените завесата од кадата, ќе ставите ново огледало, ќе ги обновите елементите за хигиена и ќе ставите пешкири во разни бои.

Следниот чекор е распоредување на задолжителното зеленило низ домот, со што акцентот ќе го ставите на некои впечатливи и поголеми цвеќиња во дневниот простор и терасата, а некои помали во кујната и можеби бањата.

Внесете уникатен печат во вашиот нов дом со тоа што ќе донесете некои предмети кои вам ви се од особена важност, како слики, растенија, некои специјални предмети и што уште не, со што ќе оставите и дел од вас во просторот, иако истиот е изнајмен.

Не заборавајте и да ги украсите ѕидовите или полиците со ваши фотографии или плакати кои ги имавте и претходно. Иако постерите од нашите херои беа хит во детството, сега се повторно ин и без двоумење можете да украсите некој ѕид со нив.

Запомнете дека без разлика што станува збор за изнајмен стан во кој не знаете колку време ќе се задржите, мора да се чувствувате убаво во секој дел од денот. 

Објавено:
5 април 2017
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
262 пати
Извор: 
journal