Главниот годишен каталог на шведскиот гигант Икеа за 2021 година, чие збогатено дигитално издание е најавено за август, воедно ќе биде и 70-то јубилејно издание на оваа омилена публикација.
Со оглед на сите невообичаени околности и овој каталог на Икеа по неколку клучни точки ќе биде посебен и специфичен.
Како што најавуваат од Икеа, овојпат содржините во каталогот ќе бидат фокусирани на благосостојбата на домот и семејството. Насловната страна е посветена на една универзална тема: добриот и квалитетен сон, што е заедничка потреба на сите, а низ внатрешните страници ќе прочитате инспиративни и кратки совети за подобро секојдневие.
Концептот, неминовно содржи и бројни практични идеи како според вашите лични стилски преференции, најсоодветно да го уредите домот.
Каталогот, ќе биде достапен во дигитално издание бесплатно за сите, додека за оние кои што сакаат печатена верзија, ќе може да ја набават во продажнте места на Икеа, но во ограничени количини. И оваа идеја е дел од концептот за одржливост што ја поддржува брендот.
„Се чини дека животот во домот никогаш не бил поважен отколку денес, а ние во компанијата Икеа сакавме да одговориме на тоа во новиот каталог", се вели во дел од официјалното соопштение на Икеа по повод новиот каталог.
Извор: Fashion.hr