Како празнично да го украсите балконот – имаме неколку добри идеи

9 декември 2021

Ако комплетно се посветувате на празничното декорирање на домот, веројатно балконот нема да го изоставите.

Напротив сигурно ќе му посветите подеднакво внимание како и на празничното декорирање на ентериерот.

Можеби ќе се одлучите тематски приказната одвнатре да ја продолжите и надвор, или пак балконот ќе биде сосема посебна празнична приказна.

За која варијанта и да се одлучите, никогаш не е на одмет некоја идеја плус која ќе ве мотивира и ќе ви ја заскокотка фантазијата.

Ако ви е поблиска минималистичката естетика, може акцентот да го ставите на осветлувањето и романтичните светилки, испреплетени меќу зелените зимзелени гранчиња.

Ако сакате пак пријатно и удобно зимско катче на вашииот балкон, тогаш топлите ќебенца и украсните перничиња со празнични мотиви, надополнети со неколку ароматични свеќи на маса, ќе го доловат вистинскиот амбиент.

Во секој стил на декорирање може да додадете по некој автентичен украс што сами ќе го направите, па така амбиентот ќе добие дополнителна персонализирана нота.

Издвоивме неколку впечатливи примери што дополнително ќе ве инспирираат.

Фото: Пинтерест

Објавено:
9 декември 2021
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
2.460 пати