Овие денови, животот навистина може да биде и тоа како удобен и луксузен.
Луксузот во светот достигна таква височина што е многу тешко да се направи разлика помеѓу луксузна вила или апартман од хотел. Главната причина за тоа е општото мешање на концептите. Компанијата „Dico UK Property Holdings", која е занимава со продажба на недвижности и чие седиште е во Дубаи, склучила договор со познатиот италијанскиот моден бренд, односно со неговата гранка „Versace Homes", за да го понудат она најдоброто што може да се купи со пари, и секако тој проект е започнат во Лондон – центарот на светот.
Познат како „AYKON Nine Elms", овој посед има поглед на Темза од едната страна, Вестминстерската палата и Лондонското Око од друга. Ќе содржи мешавина од премиум пентхаус и станови и гарсоњери во стилот на Менхетн. Се очекува проектот да биде готов до 2020 година, а ќе има 50 ката и 360 станбени единици, со лоби, погодности и ентериер кој ќе го дизајнира брендот Версаче. Исто така во склоп на имотот се наоѓа и теретана, затворен базен и спа, игротеки, кровни градини и кино.
Ова ќе биде ултра луксузна вила, во која постојано ќе се живее. Инаку, компанијата која се впуштила во овој проект претходно соработувала со повеќе познати имиња и модни куќи. Во своето портфолио тие имаат проекти кои ги работеле за Фенди, Доналд Трамп, Парамаунт Хотелите и ресортите и Тајгер Вудс компанијата.
Резиденцијата што ви ја прикажавме може навистина да се нарече голем луксуз, но истотака сме среќни што можеме да кажеме дека во последните години и во Македонија започа да се развива вкусот за естетика, како кај клиентите така и со инвеститорите и изведувачите. Иако сеуште сме далеку од светот постојат компании како што се „Elena Luka Home" кои постојано се трудат да имплементираат светски и современи материјали кои се спој на модерно и квалитетно, а од друга страна пак се прифатливи за нашиот пазар. За нив можеме да кажеме дека се наш мост со светот. Впрочем и паролата на „Elena Luka Home" е „Less is More".
Ве оставаме да уживате во луксузот на „El Home“ кој може да биде ваш доколку се одлучите за токму за ваков дом.
За најновите летни понуди на „Elena Luka Home" прочитајте > ТУКА