Модерен и функционален стан уреден во индустриски стил

30 декември 2021

Индустрискиот стил во уредување е меѓу актуелните трендови. Доколку ви се допаѓа оваа естетика, погледнете го предлогот на ELENA LUKA Home за тоа како можете да го уредите просторот кој во исто време ќе биде впечатлив, модерен и функционален. Примерот се однесува на стан од нивниот актуелен објект „Мелоди" во населбата Железара во Скопје.

Мазни површини во комбинација со црвена цигла - впечатливост на прв поглед. Циглите даваат топлина во домот и одлично се вклопуваат со металните елементи како полици, лустери, необични ламби, високи шанк столчиња и слично...

За да се постигне чуството и изгледот на индустриски уреден простор, најчесто се користат неутрални нијанси - сивата, земјени нијанси и природни тонови, што е случај и во нивниот пример, бидејќи му даваат (визуелно) поголема широчина на просторот. Секако, видливоста на цевките од парно или ламбите во таа форма е задржана за што поголема автентичност на овој стил на уредување. Светлината на просторот е максимално истакната и задржана, со што ќе добиете совршена комбинација за еден неконвенционален простор.

За повеќе совети и информации, посетете ја веб страната на Elena Luka Home.

Објавено:
30 декември 2021
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
2.708 пати