Морнарски детали во вашиот дом
•
8 април 2017
Ако пролетта ве инспирира да го освежите и преуредите вашиот дом, ние имаме предлог идеја за вас: имплементирајте морнарски мотиви што ќе придонесат за опуштена и пријатна атмосфера.
Морнарските мотиви одлично се вклопуваат со бела, сива и црна боја, како и со дрвени елементи, а и со сите земјени тонови.
Можете да ги комбинирате во различни форми: тапети, мебел, мали украсни детали, завеси, перници со морнарски мотиви, килими...
Еве неколку инспиративни примери: