Во срцето на италијанските Доломити е сместен познатиот зимски туристички ски-центар Алта Бадија. Таму е лоцирана и една од најлуксузните вили која чиниш е пресликана од зимските бајки. Создадена е да им го пружи најидеалното искуство на туристите кои ќе решат својот зимски одмор да го поминат таму.
Од совршената архитектура, до луксузните материјали имплементирани во нејзиниот дизајн и топлината на домот постигната преку внимателно избраните декоративни сегменти, оваа вила наречена „Mi Chalet" е во сопственост на семејството Кастлунгер кое решило да ја издава на туристи и да им понуди релаксирачки престој во познатиот ски-центар.
Ентериерот се простира на 130 метри квадратни и истиот е комбинација на елеганција, модернизам и удобност.
Во дворот е сместен базенот со топла вода, а во непосредна близина се понудени бројни активности за оние туристи кои се во потрага по активен одмор, па може да бираат меѓу скијање, параглајдеризам или едноставно да уживаат во прошетките во дивата природа.
Погледнете за што зборуваме...
Фото: Инстаграм