Овој ресторан во Венеција го има најромантичниот поглед

15 февруари 2022

Изолиран од вообичаените туристички тури во Венеција, шармантниот ресторан „Ai Barbacani" е „скриен" во населбата Castello и го нуди најромантичниот поглед на каналот „Santa Maria Formosa".

Стана популарен на Инстаграм по одличните критики за изборот на храна која вклучува и голем избор на специјалитети со риба, но што е уште повпечатливо е неговото интимно ќоше кое нуди одличен амбиент за романтичен појадок или ручек за двајца.

Ако го отворите профилот на Инстаграм ќе забележите дека токму овој дел од ресторанот е најпопуларен, а истовремено е и совршен за добра фотографија.

Убава храна, мир и тишина и прекрасен поглед – звучи како совршена комбинација.

 

Објавено:
15 февруари 2022
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
565 пати