Сакаме стрит-арт ресторан како овој во Амстердам

16 март 2017

Доколку патот наскоро ве води накај Амстердам, не пропуштајте да го посетите и овој прв стрит-арт ресторан во градот. После Хонг Конг и Њујорк, Амстердам е градот што на своите граѓани и посетители ќе им овозможи место како De Bajes (име што на данскиот сленг јазик значи затвор).

За ѕидовите на ресторанот се погрижиле дел од најинтересните урбани уметници на денешницата.  Освен за храна и дружба, планирано е да се одржуваат и стрит арт изложби.

Внатрешното уредување е спој на индустрискиот стил (метални конструкции, соголени ѕидови, парчиња мебел од дрво), со еклектични дела, кои го разигруваат просторот.

Во понудата, покрај комплетно мени со храна, имаат и коктели, пива, закуски, диџеи...

Ова е само уште една од придобивките на градот, кој и онака е интересен за туристите, а воедно може да послужи како инспирација за нашите угостители.

 

Објавено:
16 март 2017
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
616 пати