Ова е последниот Божиќ на семејството Обама во Белата Куќа па сосема нормално е и најмногу да се потрудат при украсувањето на нивниот дом.
Првата дама повторно ги отвори вратите за слатките дечиња на американските војници кои и помогнаа при украсувањето на најголем дел од собите во Белата куќа.
Темата оваа година е „Подарокот на празниците“ со што семејството Обама сака да ја пренесе прекрасната порака на подарување и добивање, заедно со подароците како семејството, пријателите, доброто здравје и образованието.
За украсувањето на Белата куќа биле употребени повеќе од 300 макети од слатки куќички, многу елки, огромен број на лампиони и светилки, како и други украси и подароци кои изгледаат магично.
Највпечатливо од сите декорации е дефинитивно големото зелено дрво во Сината соба кое годинава е навистина магично украсено заедно со другите две помали од страните.
Во собите ќе видите и реплики на омилените кучиња Бо и Сани кои со особена радост ја пречекаа годинешната и досега најголема елка.
Ниту една декорација во Белата куќа нема да биде целосна ако помине без традиционалните колачиња со ѓумбир кои и оваа година можевме да ги видиме насекаде и во сите форми.
Покрај малите и слатки дечиња, оваа година повеќе од 90 волонтери помогнаа да се украси Белата куќа почнувајќи од Денот на благодарноста па сѐ до денеска.
Погледнете како Белата куќа изгледа целосно украсена!