Единствена можност: Станот на Моника и Рејчл достапен на Booking.com

15 мај 2021

Освен датумот на премиерата на специјалната епизода со „Пријателите“, обожавателите вчера имаа можност да се израдуваат на уште една вест.

Booking.com истиот ден објавија дека обожавателите можат да освојат шанса да престојуваат, односно преноќат во станот на Моника и Рејчл. Но не само тоа.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Booking.com (@bookingcom)

 

„Friends Experience in New York City“ е називот на понудата за која е направено ресоздавање на култните места во серијата и која вклучува и посета на станот на Чендлер и Џои, како и кафулето Central Perk.

Исто така, ќе имаат можност да ги видат реквизитите и костимите од серијата која се емитуваше од 1994 до 2004 година и воедно ќе уживаат во единствени искуства кои вклучуваат - уживање во фотелјите на Чендлер и Џои, тура по желба со фотограф, учество во Phoebe's Cab Escape Room игра во доцните часови, кафе и појадок во „Central Perk“ ...

Апартманот на Рејчл и Моника ќе биде достапен за изнајмување само два дена - 23 мај (недела) и 24 мај (понеделник), а пријавувањето ќе започне на 21 мај (петок) од 10 часот по источноевропско време. 

Резервациите ќе бидат поделени редоследно - кој прв резервира, тој ќе биде дел од „Friends Experience in New York City". 

 Oh My GOD!

Објавено:
15 мај 2021
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
2.402 пати