Со оглед на тоа што трендовите во ентериерот речиси секогаш ги следат оние модните, веќе некое време очекувавме розовата боја да стане хит и во домовите.
Повеќе пати пишувавме дека розовите парчиња се едни од омилените на девојките сезонава, а оваа боја изгледа подеднакво добро и во ентериерот.
Таа функционира одлично во домот бидејќи воопшто не е наметлива, а изгледа супер без разлика дали ќе се одлучите за парче мебел, украси, боја на ѕидовите и што уште не.
Оваа нијанса е и неверојатно смирувачка и навистина оптимистичка, а доколку ја комбинирате со смарагдно зелената, тогаш имате полн погодок.
Истите ќе внесат свежина во вашиот дом, а ќе го подобрат и вашето и расположението на сите оние кои ќе бидат гости во домот.
Голем број од скандинавските брендови веќе ја вметнаа оваа комбинација во своите едиторијали за претстојната топла сезона, која се чини совршена за истите.
Ако не сакате да експериментирате со поголеми парчиња, тогаш до розовата фотелја без двоумење поставете некое впечатливо домашно цвеќе во зелена нијанса.
Интересни сезонава се и тапетите со мотиви на билки кои можат да внесат доволно зеленило во просторот, но и бројните други украси како пернички, вазни, рамки за слики и што уште не.
Погледнете ги фотографиите и инспирирајте се за пролетно освежување на домот!