Италијанскиот дизајнерски бренд Plank неодамна го објави својот нов производ - столчето кое го носи називот Velit. Уникатниот дизајн е потпишан од дизајнерот Бјорн Далстром, кој за ова парче мебел ја комбинира ергономијата со силната графичка естетика на специфичен начин кој резултира со модел изграден од фини цефчести челични шипки обликувани на начин кој ги спојува во силно потпорно седиште.
- Столот Velit во основа е изграден од 25 линии кои комуницираат меѓусебно, слично како цртеж направен со пенкало. - вели дизајнерот Далстром. - Фасцинантно е да се види како линиите се „проткајуваат" и создаваат површина или, како во овој случај, отворена структура што го претставува седиштето и наслонот на столот.
Наедно, дизајнерот открива дека, освен на самиот атрактивен и необичен изглед, тој и брендот Plank посветиле големо внимание и многу време да постигнат удобна и ергономска форма на столчето.
Според дизајнерот, столчето Velit е замислено како совршениот избор за удобно седење додека го пиете вашето кафе или ја читате вашата омилена книга. Модерниот, минималистичен и графички изглед го прави ова парче мебел идеален додаток на современи ентериери, но и отворени простори како широки тераси и дворови.
Необичниот дизајн прави ова столче инстантно да го привлече вниманието кон себе во моментот кога ќе стапнете во просторијата каде што е поставено, со што претставува декоративно парче мебел самото по себе.
Достапно е во неколку различни нијанси, како црна, окејан сина, маслинеста зелена, мов зелена, оксид црвена, бетон сива и бела, а постои опција со столчето да нарачате и перниче во соодветна нијанса.
За дизајнерот:
Бјорн Далстром, роден во 1957 година, е водечки шведски современ дизајнер, меѓународно познат по неговиот придонес во мебелот и индустрискиот дизајн.
Неговите дела се реализирани дводимензионално и тродимензионално. Дизајните на Далстром се издвојуваат по нивната остра графика и посебниот начин на кој тие ги изразуваат меките и основните форми. Тој има дизајнирано широк спектар на производи, вклучувајќи теписи, велосипеди, играчки, мебел и прибор за домаќинство за реномирани компании како што се Littala, Atlas Copco и Magis и PLANK.
Меѓу бројните признанија што Далстром ги добил за својата работа, тој е добитник и престижната награда за дизајн Torsten & Wanja Söderberg во 2001 година. Неговиот дизајн е претставен во различни музеи ширум светот, вклучително и Националниот музеј во Стокхолм и музејот Викторија и Алберт во Лондон.