Ultra Violet
Не се лажете по виолетовата боја. Иако таа асоцира на здравје и романтика, многу е ретка во природниот свет, па може да биде многу строга ако ја внесете во домашниот декор. Ако навистина сакате нешто виолетово во домот, тогаш балансирајте ја со природни бои како нежна жолта или зелена.
Современ француски стил
Во ваквиот простор никогаш не недостасува романтика, а благодарение на нежните и пастелни бои во комбинација со светлиот мебел, просторот добива пространост и свежина. Типични за францускиот стил на ентериер се деталите од ковано железо, раскошните рамки за слики, како и позлатените украси. Доколку сакате да го освежите домот, одлично би било да инвестирате во ситни детали кои може да ги изработите и самите. Во современиот француски стил се работи за мешавина од удобност и префинетост.
Минималистчки стил
Ако имате мал домашен простор, модерното минималистичко уредување е она што ви е потребно. Елементите треба да се со геометриски облици, бидејќи такви нема да го оптоваруваат просторот и пожелно е да се ниски и долги. Исто така, ќе го направат и просторот поголем. Огледални површини и стакло се добредојдени. Овој стил најчесто се практикува во станови со квадратура околу (или до) 50 метри квадратни. Кога се боите во прашање, се практикуваат до три – бела, сива и уште една боја по избор
Марокански стил
Се работи за егзотичен спој на европски и арапски елементи, а задоволни ќе бидат оние кои сопствениот дом сакаат да го претворат во бајка. Раскошните ткаенини во силни бои на овој стил му даваат единствен и богат изглед. Мебелот секогаш треба да е изработен од дрво и украсен со нитни и светкави детали. Светилките и романтичните лапби се неизоставен детал.
Неокласичен стил на уредување
Елегантен и едноставен стил во дизајнот, со мотиви превземени од стариот Рим, Грција и Египет, многу популарен во доцните години од осумнаесетиот век