Вилата „Зринчи“ во Задар: Место каде соништата стануваат стварност

18 јули 2022

Доколку сте во можност да си дозволите еден летен сон да ви стане реалност, тогаш без двоумење букирајте ја луксузната вила „Зринчи".

Оваа модерна вилата која е изградена оваа година и е дело на архитектот Бранко Павиќ, се наоѓа во Мурвица, во близина на градот Задар, се простира на речиси 300 квадратни метри и може да прими до осум лица

„Зринчи" воодушевува со својот базен, прекрасно уреден современ и минималистички ентериер, како и градината која изгледа како да е од некоја бајка. Самата градба се состои од приземје и горен кат, а додатно има и подно греење и ладење.

Фото: croatialuxuryrent.com

На приземје се наоѓа елегантно уредена дневна соба која продолжува до подеднакво убаво дизајнирана кујна со трпезарија. Сè е замислено како отворен простор со јасно определени зони. На горниот кат пак се наоѓаат четирите спални соби и исто толку бањи.

Фото: croatialuxuryrent.com

За да се зголеми удобноста, на приземјето има уште два посебни тоалета, како и перална со машина за перење и пегла. Иако вилата има прекрасна тераса со градина, на горниот кат можете да најдете уште една малку помала, поинтимна со лежалки.

Фото: croatialuxuryrent.com

Дворот на вилата Зринчи е целосно ограден, гарантирајќи им на гостите целосна интимност и изолација. Базенот опкрѕжен со лежалки и чадори за сонце е совршеното место каде можете да ги поминувате деновите, а навечер кога ќе зајде сонцето се трансформира во идеалното место за релаксација со освежителни коктели. Вилата вклучува и отворена трпезарија, како и скара, а за поактивните гости има и пинг-понг, фудбал и пикадо.

Фото: croatialuxuryrent.com

Погледнете како изгледа вилата „Зринчи", па можеби ќе се одлучите да го поминете вашиот годишен одмор токму тука.

Фото: croatialuxuryrent.com

Објавено:
18 јули 2022
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
367 пати