„Инстаграм“ е апликација која постои веќе шест години, а на „Фејсбук“ во 2012 година за истата издвои милијарда долари. На почетокот работеа само 12 вработени, за сега да има повеќе од 350. Неодамна се преселија во нови канцеларии, во Калифорнија.
Новиот дом е зграда од три ката, чија внатрешност ќе ве воодушеви. Дел од новиот простор е направен да имате чувство како да сте во 3Д верзија на апликацијата. Сè е во знакот на логотипот и боите на компанијата, а вработените имаат на располагање и полароид фото-апарати.
Фотографиите можат да ги закачат на ѕид наменет за тоа, а можат да уживаат и во другите и нови можности на работното место – кафуле, микро кујни на секој кат, библиотека...
Претходно, овие вработени имаа еден кат од работното здание на „Фејсбук“.
Во продолжение погледнете како изгледа новиот работен простор: