Мала инвестиција, а може да резултира со значителна трансформација во ентериерот.
Комбинацијата на колор-блок ѕидови може комплетно да го промени амбиентот во вашиот дом или на работното место.
Во модерната архитектура овој концепт е актуелен веќе неколку сезони и наголемо се применува во уредувањето на современите ентериери, токму поради тоа што е рационално решение со кое може да постигнете видливи ефекти.
Притоа може да ја искористите вашата креативност во спојувањето на нијанси и форми, со што варијантите се бројни.
Колор-блок комбинацијата може да ја користите кога сакате да акцентирате некој ѕид во просторот или доколку сакате да ги разиграте минималистички уредените дневна, детска или спална соба.
Интересно е што оваа тенденција може да се комбинира и со формите на мебелот или елементите за осветлување, со идеја да се добие компактна целина.
Фото: Pinterest