Плоштадот „Слобода" во Штип беше местото каде што вчера се собра голема публика во чест на концертниот караван „Македонијо во срце те носиме".
На сцената со маестрални изведби се појавија Бојана Скендеровски, Сузана Спасовска, Наум Петрески, Зуица Лазова, Андријана Јаневска, Александар Тарабунов, Огнен Здравковски, Марија Спасевска, Мина Блажев, ДНК, Ламбе и Миле Кузмановски.
Скендеровски ги прегрна боите на македонското знаме кои овојпат беа преточени во елегантна тоалета со потпис на ЕЛЕНА ЛУКА.
Нашата позната пејачка заблеска на сцената во плисиран, свилен фустан којшто совршено ја истакна нејзината прекрасна фигура.
Стајлинг кој сосема се вклопи во идејната замисла на целиот проект, којшто повикува да се зачува музичкиот аманет што ни го оставиле генерациите пред нас.
Нашиот етаблиран бренд ЕЛЕНА ЛУКА ќе се погрижи за изгледот на Бојана и за претстојните концерти.
По Штип следуваат Битола, Велес, Прилеп, Кочани, Тетово, Кавадарци, а завршниот најголем концерт ќе биде во Скопје.