Бриж: „Венеција од Северот“ и вистинска белгиска бајка

7 јули 2022

Замислата за идеален одмор и пратување е различна за секого. Некој не може да си замисли патување без песочни плажи, тиркизни бранови и освежителни коктели под врелите зраци на сонцето, додека пак нечиј сон се дрвените планинарски куќарки скриени во прегратките на густите шуми.

Но за оние кои се постојано гладни да истражуваат нови градови, да изучуваат богати истории и култури, имаме споецијален предлог за следното патување - „Венеција од северот" и една вистинска белгиска бајка.

Главниот и најголем град на Западна Фландрија во фламанскиот регион во Белгија, Бриж, е истакнато историско место заштитено од УНЕСКО кое има значајно економско значење, благодарение на неговото пристаниште, и некогаш бил еден од главните трговски градови во светот.

Слично како и други северни градови, меѓу кои и Амстердам и Санкт Петербург, така и Бриж е изграден на канали, што му го донел надимакот „Венеција од Северот".

Со своите живописни пејсажи, шармантни мостови и прекрасна архитектура, старите камени куќи обраснати во богато зелени бршлени, како и импресивните колоритни редови куќи кои се рефлектираат во огледалните канали, Бриж е град од соништата, а со тоа и една од најзначајните туристички дестинации во Белгија. Наедно, Бриж е и дорбро познат како седиште на Колеџот на Европа, универзитетски институт за европски студии.

Погледнете како изгледа ова волшебно место пред да ги спакувате куферите и да ја впиете неговата убавина во живо.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by 밤이보틀 (@mikanprism)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Paco Cambra (@pacocambra.color)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Olga (@olga.leyts)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Kerri Vencato (@kvencato)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by C. (@ceeunterwegs)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Daniel Han (@mrkdaniel)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by @matteopassarelli_unofficial

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by E (@jimmy_mango)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by IfoulkiWorld (@ifoulkiworld)

Објавено:
7 јули 2022
Категорија: 
Култура
Прочитано:
273 пати