Четири грации во четири извонредни креации на ЕЛЕНА ЛУКА

23 февруари 2024

ЕЛЕНА ЛУКА за оваа 27-ма Златна Бубамара, се погрижи за изгледот на четири наши познати дами Вера Мештеровиќ, Андријана Јаневска, Миланка Рашиќ и Ленче Дедејска.

Секоја од нив изгледаше светски, гламурозно, онака како како што и прилега за свечен настан како вчерашната Бубамара.

Вера беше поим за впечатливост во асиметричен, фустан со набори и долги ракави, во силна црвена нијанса.

Андријана, која што прими награда за најдобра пејачка, донесе гламур во раскошна црвена тоалета, со пуфкасти ракави и отвори во горниот и долниот дел којшто и ги нагласуваа рамената, грбот и нозете.

Пејачката Ленче Дедејска, ја видовме во смарагдно зелена макси тоалета со долги пуфкасти ракави. Таа на бубамарската сцена маестрално ја изведе евергрин мелодијата Галебе мој тажен.

Четвртата дама која носеше креација од ЕЛЕНА ЛУКА беше водителка Миланка Рашиќ која ја додели наградата за Трајни вредности за афирмација на танцот на Тодор Миладинов.

Рашиќ беше поим за елеганција во класичен црн фустан од нашиот познат бренд, збогатен со карнери.

Овие величенствени модни изданија со потпис на ЕЛЕНА ЛУКА совршено прилегаа на нашите познати дами, изразувајќи го на најдобар можен начин нивниот сензибилитет.

Објавено:
23 февруари 2024
Категорија: 
Култура