Организаторите на музички случувања ширум светот постојано бараат идеи и решенија за на најидеален начин да ги спроведат своите замисли во дело, а притоа да се испочитуваат сите мерки на безбедност.
Пред неколку месеци во Данска видовме како публиката од своите автомобили следи концерт, но изгледа Британците пронајдоа посреќно решение.
View this post on Instagram
Имено, во еден парк во Њукасл неодамна се одржа концерт на отворено на кој присуствувале околу 2.500 луѓе. Организаторите се потрудиле да обезбедат физичка дистанца, на начин што на отворениот простор биле поставени 500 поткренати платформи со столчиња, од три страни заградени, на кои можеле да се сместат најмногу петмина.
View this post on Instagram
Мерките за почитување на дистанцата се применувале уште со самото влегување во паркот. Дури и автомобилите биле паркирани на минимум два метра растојание, а потоа работниците ги спроведувале гостите (одвоено) до нивните платформи, во склад со бројот на картите.
Храна и пијалаци се послужувале порано или во текот на настапот, со помош на апликација, а на повеќе места биле поставени и гелови за дезинфекција на раце.
View this post on Instagram
Платформите што биле поставени подалеку од бината, биле малку повеќе издигнати од оние понапред, за сите да имаат директен поглед на изведувачот.
Наскоро се очекува на истото место да настапат и други музичари, како и стенд ап комичари.
Ако се суди по фотографиите и коментарите на социјалните мрежи, ова решение се покажало како среќно и луѓето јавно го искажуваат своето задоволство.
Околу тоа дали вака ќе изгледа „иднината на концертите“, повеќето сметаат дека не би сакале да биде, бидејќи ништо не може да ја замени класичната форма на коцерт, но сите се согласија дека за одржување на ваков тип настани во ваква година и услови, ова е одлично решение, воедно и идеја која би можеле и други да ја преземат.
Веста ја пренесоа речиси сите големи медиуми ширум светот.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Што мислите вие?