Детски музички спектакл „Петар Пан и Дедо Мраз" во Арената Борис Трајковски

21 декември 2023

Приредете им на вашите деца едно поинакво волшебно и новогодишно искуство!

 На 24 декември во Арената Борис Трајковски со почеток во 17 часот ќе се случи детски музички спектакл насловен „Петар Пан и Дедо Мраз"!

Убава можност за заеднички да ја испратиме старата година и со Петар Пан, Ѕвончица, Венди и неговата дружина да ја дочекаме Новата 2024 година.

Ќе биде тука и Дедо Мраз со многубројни изненадувања и фантастична забава: Петар Пан во новогодишно руво ќе го фрли златниот прав на чудата, а Дедо Мраз ги повикува сите деца ама и оние што не сакаат да пораснат да не ја пропуштаат оваа неверојатна претстава.

Сценариото и сонговите на Петар Пан, ги напиша Ристо Самарџиев, режијата и кореографијата се дело на Ирена Лозинска, а за магичната музика се погрижи Владимир Дојчиновски. Ѕвезди на претставата, ќе бидат децата од Балетското студио – Арт Балет кои ќе ве уверат дека магијата навистина постои.

Новиот музички детски спектакл „Петар Пан и Дедо Мраз" го организира Прагма продукција.

Билетите можат да се купат на продажните места на Розе Веро 2, ЈК Травел во ТЦ Бисер и преку онлајн на KUPIKARTA.COM

Инфо и резервации на 075 507 455

Објавено:
21 декември 2023
Категорија: 
Култура