По успехот кој го постигнаа сериите „Halston" и „Тhe Assassination of Gianni Versace: American Crime Story" на Netflix и зголемениот интерес за модните теми во светот на кинематографијата, се очекува дека овој тренд значително ќе расте во следниов период.
Доказ за тоа е и најавениот серијал на Apple TV, во режија на Аитор Ареги, кој ќе ја обработува врската помеѓу Коко Шанел и Кристијан Диор, а од неодамна дознаваме и дека Disney+ подготвува серијал кој ќе го следи животот и кариерата на познатиот шпански дизајнер Кристобал Баленсијага.
Наедно, тоа ќе биде и првата оригинална серија на шпански јазик на Disney+, а улогата на Баленсијага е доделена на мадридскиот актер Алберто Сан Хуан.
View this post on Instagram
Серијата ќе го следи животот на Баленсијага од Шпанската граѓанска војна до раните седумдесетти години кога дизајнерот починал на 77-годишна возраст. Серијалот ќе се снима на неколку локации низ Шпанија, вклучително и Баскија, Навара и Мадрид, како и низ цела Франција - Бордо, Тулуз и Париз, каде сè уште е седиштето на модната куќа Баленсијага.
Во серијата, дизајнерот е претставен како млад син на шивачка и рибар кој се осмелил да сака повеќе, а како резултат на неговата смелост и амбиција, тој станува еден од најголемите модни дизајнери на сите времиња.
Актерската екипа ја комплетираt Белен Куеста, која ќе ја игра Фабиола де Мора и Арагон пред да стане кралица на Белгија; Патрис Тибо, кој ќе го оживее Кристијан Диор; Хозеан Бенгоетксеа ќе го игра бизнисменот од Сан Себастијан, Николас Бизкарондо; Сесилија Солагурен ќе ја глуми неговата сопруга Вирџилија Мендизабал; Адам Кинтеро ќе го игра Рамон Еспарза, партнер и соработник на дизајнерот; Елвира Куадрупани ќе се појави во улога на Бетина Балард, дописник на магазинот Вог од Париз; Томас Куманс (Влаџио Д'Атенвил, партнер и партнер на Баленсијага); Џема Вилен (Пруденс Глин, новинарка на Тајмс); Габриел Лазур (Кармел Сноу, моден директор на Харперс Базар); Изабел Брес (дизајнер Жан Ланвин); Ана-Виктор Оливие (актерката Одри Хепберн); и Ева Блеј (дизајнеката Елза Скиапарели).
Серијата се подготвува во вистинскиот момент за Balenciaga. Креативниот директор на модната куќа Демна Гвасалија успешно го постави брендот помеѓу првите најпопуларни модни куќи во светот, а минатата година, по повеќе од 50 години, повторно оживеа модната линија што ја лансираше покојниот дизајнер.
Серијата ќе има шест епизоди, снимањето започна во јуни и треба да заврши во ноември оваа година.