"Дневникот на Бриџит Џонс" добива четврто продолжение

11 април 2024

Бриџит Џонс за прв пат ја видовме во 2001-ва година во Bridget Jones's Diary. Филмот за згодите и незгодите на помалку несмасната, но самоуверена г-ца Џонс стана веднаш хит.

Главната улога маестрално ја одигра двојната оскаровка Рене Зелвегер која на духовит начин и многу реално прикажа како изгледа приватниот и професионалниот живот на една сингл девојка во Лондон.


Во 2004-та на големо задоволство на фановите излезе и второто продолжение – Bridget Jones: The Edge of Reason.


Приказната за Бриџит продолжи, а по малку подолга пауза во 2016 беше прикажан и третиот дел Bridget Jones's Baby.

Покрај Рене, во останатите улоги ги гледавме Колин Фирт, Хју Грант и Патрик Демпси, кој се појавува во последното продолжение.


Приказната за Бриџит Џонс на Зелвегер и донесе и номинација за Оскар за најдобра актерка во главна улога, а вкупната заработка на сите три дела достигна 760 милиони долари.

Што досега се знае за четвртиот дел Bridget Jones: Mad About a Boy?

Хју Грант се враќа во улогата на Даниел Кливер, а ќе ја видиме повторно и Ема Томпсон која ја играше докторката која ја породи Бриџит во третиот дел.

Филмот ќе го следи животот на Бриџит во своите 50-ти години како се снаоѓа во улогата на самохрана мајка.

Четвртото продолжение се очекува во киносалите на 14 февруари 2025-та година.

Фото: Pinterest

Објавено:
11 април 2024
Категорија: 
Култура