„Дома“ со Ријана и Џеј Ло во кината доаѓа на 26 март

24 март 2015

ДОМА

Доколку сте љубител на анимираните филмови, а воедно и авантурите, тогаш следнава информација сигурно ќе ви го привлече вниманието. Вонземската раса Був во анимираната комедија „Дома“ слетува во кината на 26 март! Авторите на анимираните хитови „Како да го дресираш својот змеј 2“ и „Крудс“ ви го претставуваат новиот филм.

Во работилницата на DreamWorks Animation повторно биле мошне внимателни и направија филм што ќе ги освои вашите срца.

Во филмот ќе ја запознаете оптимистичката и делумно неспособна вонземска раса Був, меѓу која се истакнува палавиот Ох. Откако неговата раса ќе најде засолниште и сигурен дом на Земјата, токму тој ќе расипе сè и ќе предизвика вистинска светска катастрофа.

Home_SB3_big

Меѓутоа, неверојатниот Ох нема да биде сам во целата неволја. Напуштен од своите, ќе најде нови пријатели, девојката Тип и нејзиниот мачор, со кои ќе тргне на пат околу светот со надеж дека ќе ги поправи работите. Необичната дружина се впушта во авантурата на својот живот, бидејќи се свесни дека се ставени на ризик интергалактичките односи.

Анимираната комедија „Дома 3D“ е заснована на книгата за деца на Адам Рекс која беше објавена во 2007 година. Во оригиналната верзија на филмот гласовите на јунаците им ги позјамија Џим Парсонс, Ријана, Џенифер Лопез и Стив Мартин. Режијата е на Тим Џонсонс.

Во продолжение погледнете го промо-видеото за филмот:

&list=PLxJb3I3Mojvtyf-3xdoHef4d9_m0Usrpj

Home_SB2_big

Home_SB1_big

Home_SB4_big

Објавено:
24 март 2015
Категорија: 
Култура