Досетливо и кул: Погледнете ја снежната плажа во Аспен

22 февруари 2022

За сè во животот треба да се има идеја. А „Апсен Х“ и ликовниот фотограф Греј Малин дефинитивно ја имаат.

Тие во јануари во Аспен ја лансираа таканаречената Снежна плажа. Се работи за поп-ап простор кој на скијачите им нуди врвно искуство.

„Воодушевен сум од партнерството со компанијата „Аспен Х“ да ја оживеам својата уметничка визија на снежна плажа. Минатата есен прошетав по целиот дел на Саут Бич во Мајами и се фокусирав на разните клубови на плажа, што ми помогнаа да дојдам на идеја како да изгледа „Snow Beach“ и почнав да скицирам, па дури и да ја поставувам конструкцијата.

Бев инспириран да ја вклопам винтиџ естетиката во разиграни детали - кабини со црвено-бели риги, трибина за спасувачите, чадорите за сонце итн... Мојата цел беше да создадам незаборавно искуство инспирирано од мојата работа и сакам на гостите да можат и преку своите фотографии да создадат единствени спомени во Аспен“, вели уметникот.

Инаку, за уредувањето на просторот, Малин имал помош од еден од хотелите со пет ѕвездички во Аспен, „The Little Nell“, кои неговата визија ја потпомогнале и со храна и пијалаци, вклучувајќи и кавијар, пици со црн тартуф и домашна пченка.

Има различни можности за резервација - еднокреветна лежалка со половина шише шампањ или розе вино, потоа кабина за двајца со шише шампањ или розе вино или пак кабина за шест луѓе, со три шишиња шампањ или розе вино.

Снежната плажа за посетители официјално е отворена на 18 февруари, а ќе прима гости до 27 март.

Цените на пакетите и резервациите се движат од 300 до 4.800 долари, во завиност од какво вино ќе одберете и бројот на групата. 

 

извор:graymalin.com;

Објавено:
22 февруари 2022
Категорија: 
Култура
Прочитано:
818 пати