Финалето на втората сезона на концертниот серијал Musicology Sessions ќе го означи големата светска ѕвезда Енџи Стоун која ќе настапи на први јули на Калемегдан.
Таа беше изведувачот кој се чуваше како тајна до самиот крај на фестивалот, а беше објавена деновиве на големо воодушевување на обожавателите.
Два дена по концертот во Белград, познатата кралица на соул музиката ќе настапи и на словенското издание на Musicology Sessions.
Американската R&B дива за прв пат ќе настапи во Србија, а таа дефинитивно важи за една од пејачките со најмоќен глас во светот.
Покрај неа, на 24 јуни како дел од Musicology Sessions ќе настапи и шведската атракција Koop Oscar Orchestra и одличниот џез бенд Bokante на Bitefartcafe Summer Stage.
Инаку, концертниот серијал Musicology Sessions е нов концепт на концертно – фестивалско искуство, на кое посетителите имаат прилика да уживаат во интимни клупски настапи на голем број светски познати ѕвезди.
На овој начин, се задржува интимниот момент, контактот помеѓу изведувачот и публиката кој се изгуби во огромните сали и фестивалите.
Успешната прва година на концертните серијали Musicology Sessions, предизвика огромен интерес кај публиката, по што се прошири и оваа година ќе се одржи и во Словенија.