Фасцинантни уметнички дела – руски пар изработува неверојатни реалистични кукли

27 јуни 2017

Анастасија и Сергеј се неверојатно талентирани руски уметници кои светот веќе ги препознава како креатори на фасцинантно реалистичните кукли Lutsenko Dolls.

Куклите почнале да ги изработуваат од 2011 година и од тогаш создаваат се посовршени мали уметнички дела.

Она што особено импонира е тоа што куклите се толку прецизно и совршено креирани, што на момент ќе ве збунат. Изработени се од порцелан и секоја од нив има свое име и карактер.

Креаторите велат дека при изработката на куклите не се раководат од однапред прецизирана скица, туку многу често се препуштаат на процесот на импровизација, па така не секогаш првичната идеја и замисла се совпаѓаат со крајниот резултат.

Во видеото во продолжение може да видите како изгледа дел од процесот на изработка и колку во суштина бара посветеност и хируршка прецизност при дефинирањето на секој детаљ.

Фото извор: Инстаграм профил @Lutsenko_dolls

 

Објавено:
27 јуни 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
164 пати