Филм со Никола Ристановски во трка за Оскар

23 септември 2016

Долгометражниот игран филм „Igla ispod praga“ е одбран за црногорски кандидат во трката за Оскар за 2016 година, соопшти црногорското министерство за култура.

фото: Маја Медиќ

Една од главните улоги во филмот ја игра нашиот актер Никола Ристановски, кој уште еднаш покажа дека е навистина брилијантен актер.

„Одлуката е донесена со мнозинство на гласови преку тајно гласање во согласност со правилата на Американската академија“, се вели во соопштението.

Фото: Ѓорѓе Арамбашиќ

Кон крајот на годината црногорското министерство ќе организира промоција на филмот во Лос Анџелес.

„Настојував да направам комуникативен филм кој секој може да го разбере. Ќе видиме колку овој филм ќе ми отвори врати за нов. Најтешко е како дебитант од една мала кинематографија да ги убедам селекторите да го погледнат, бидејќи за тоа не постои системска поддршка, туку сето тоа се индивидуални напори“, изјави младиот режисер Иван Мариновиќ на премиерата на филмот во Херцег Нови.

Фото: Ѓорѓе Арамбашиќ

На годинешниот јавен конкурс кој беше отворен од 26 ти јули до 15 септември, беа пријавени два филма “Igla ispod praga“ и „ Ispod mosta, među stijenama“.

Објавено:
23 септември 2016
Категорија: 
Култура
Прочитано:
2.152 пати