Овој месец „Кристи“ ја организираше првата аукција на филмски постери која што претставува сублимат на најдобрите филмски постери во временска рамка од цел еден век, од 1913 до 2013 година.
Од 13 до 24 јуни, аукциската куќа „Кристи“ спроведува онлајн аукција на филмски винтиџ плакати на дел од најдобрите филмски остварувања во последните сто години, без разлика на филмскиот жанр на кој што припаѓаат. Вредноста на филмските плакати на режисери од САД, Велика Британија, Франција, Италија, Јапонија и други земји се проценува во износ од околу 800 до 25.000 фунти.
Меѓу фаворитите на аукцијата е филмскиот постер за „Казабланка“ од 1942 година со Хемфри Богарт и Ингрид Бергман во главните улоги кој е проценете од 18.000 до 25.000 фунти, потоа следува „Циркус“ од 1927 година со Чарли Чаплин, па хоророт „Суштеството од Црната Лагуна“ и двата со проценка од околу 10.000 до 15.000 фунти. Во првите пет се најдоа и „Долче вита“ на Фелини и „Волшебникот од Оз“ чии постери се проценуваат да достигнат некаде од 7000 до 9000 фунти.