(Фото) Одлична атмосфера меѓу македонските навивачи во Порто
•
29 март 2022
Фантастична атмосфера меѓу македонските навивачи кои вечерва директно ќе ја бодрат Македонската репрезентација во Порто, на историскиот фудбалски меч со Португалија.
Црвено-жолтите бои на нашиот национален дрес ги преплавја улиците на градот, а нашите навивачи ја заграваат атмосферата пред натпреварот со кој Македонија има големи шанси да си ја купи својата карта за Катар, каде годинава се одржува Светското првенство во фудбал.
Вечерва на „Драгао" се игра финалето на мундијалскиот плејоф, во кој повторно нашите репрезентативци ќе имаат одлична поддршка од голем број фанови.
Погледнете дел од прекраснот амбиент пред натпреварот.
Фото: Петар Карадаковски