•
17 декември 2021
Како изгледа една од најшармантните светски метрополи за време на празниците?
Се разбира Париз во празнично руво е уште помагичен.
Веројатно би било прекрасно сега да сме таму, да прошетаме по Елисејските полиња украсени со милиони светилки и непосредно да ја почувствуваме празничната посебност на Париз, но кога веќе не сме, барем да добиеме некое видување преку убави фотографии од неговото секојдневие за време на празничниот период.
Најубаво украсената фасада на зградата на Шанел, елките облечени во колоритни украси, авениите како бесконечни ѕвездени патеки, малите локални новогодишни базари со измешани, топли мириси... одиме на една фото-прошетка низ Париз.
Фото: Fan page/ParisFrance