(Фото + Видео) Погребот на кралицата Елизабета во живо
•
19 септември 2022
Во тек е официјалната погрбна церемонија со која кралското семејство, британската јавност и светот се простуваат од кралицата Елизабета Втора.
Церемонијата вклучува највисоки државни почести во присуство на 200.000 гости, меѓу кои членови на кралското семејство и стотици светски лидери и високи личности. Истата може да ја следите во живо на овој линк.
На дел од фотографиите може да се види како принцовите Вилијам и Хари во поворката се движат веднаш зад ковчегот на нивната баба, следејќи го кралот.
Војвотката Кејт Мидлтон пристигна во црквата заедно со децата Џорџ и Шарлот, во придружба на кралицата Камила. Меган Маркл пак беше забележана како пристигнува на погребот заедно со принцот Хари.
Фото: BBC