Харвард истражуваше 75 години – што е клучно за среќа?

30 мај 2017

Емоционалната состојба на човекот и дефинирањето на среќата се големи предизвици со кои се соочува секој „обичен" човек, но и научниците и стручните лица. На оваа тема, modamo.info, пренесува едно исклучително интересно истражување на научниците и психолозите од Универзитетот Харвард кое траело цели 75 години, со цел да се најде одговор на прашањето: Што е клучно за среќа?

Фото: Humane Pursuits

Ова истражување открива како човекот се носи со различните падови и успеси во животот, колку детството влијае на човековата среќа, како личноста реагира на стареењето и сите предизвици што тоа ги носи...
Главната филозофија на нивното истражување е дека треба да вложуваме во односите со семејството, пријателите и општеството, за да бидеме среќни. Наместо пасивно да зјапаме во телевизорот, да избираме долги прошетки со луѓе кои позитивно ни влијаат.

„Време нема, животот е прекраток. Нема време за кавги, извинување, повикување на ред... Време има само за љубов, а тоа е само момент", вели во својот инспиративен говор на TED конференцијата, психологот Роберт Волдинџер од Харвард, што во целост може да го погледнете во видеото во продолжение.

 

Објавено:
30 мај 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
1.036 пати