Барајќи инспирација низ инстаграм просторот, наидовме на неколку места кои што се наоѓаат во држави блиски до нас, а се популарни на оваа социјална мрежа како предлог дестинација за летување или едноставно за фотографирање.
Во продолжение ви ги презентираме:
Лулашката во облик на срце во Почитељ (Босна и Херцеговина)
Се работи за атракција во рамки на тамошно кафуле, кое пред неколку години имало обична лулашка. Но се досетиле да направат нешто поинтересно и на тој начин станале вистински инстаграм хит.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Стар Мост - Мостар
Се работи всушност за ресторан во Мостар кој постои веќе десет години, но со надворешната страна, односно градината дава неверојатен поглед на Неретва и популарниот Стар Мост. Поради интересното мени и уште повпечатливите садови, како и начинот на кој се сервира (најчесто појадокот) тие станаа огромен Инстаграм хит.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Котли - Хрватска
Локација во Истра на која многумина не можат да ѝ одолеат. Се работи за ненаселено село, кое сепак привлекува многу туристи - има супер природа, природни базени со тиркизна боја, а и неверојатни „заливчиња“ поради кои нема ни да претпоставите дека се работи за некое место во Хрватска. Поради таа егзотика, стана и ултра популарно и на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Рајски скали во Лошињ - Хрватска
Овие магични скали кои веќе неколку сезони се многу популарни токму благодарение на социјалните мрежи. Во околината има и мали симпатични плажи, па голем број туристи се одлучуваат да ги посетат токму поради нивната ексклузивност.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Ботаничка градина „Јевремовац“ - Белград
Фотографиите од Инстаграм од оваа ботаничка градина создаваат впечаток дека гледате во некоја дивина или тропска средина и се тотално бегство од останатата реалност на градот.
View this post on Instagram
View this post on Instagram