Хортензија – раскошно цвеќе што ќе ви донесе магија во домот

22 јули 2022

Сезона е на хортензијата – раскошна грмушеста билка со волшебни цветови. Влече корени од Јапонија, а Европа со ова цвеќе се запознава во 18-от век.

Постојат околу седумдесеттина видови, во бела, розова, жолта, виолетова, сина, црвена боја, во крупни цветови кои можат да бидат широки и плочести, како купола или целосно округли.

Најмногу успеваат засадени во влажна почва на место кое што е во полусенка. Едноставни се за одгледување, треба само редовно да ги наводнувате (нема да им штети ако тоа биде и два пати на ден, наутро и навечер) и да го добиваат вистинското ѓубриво.

Најчесто ќе ве шармираат засадени во богатите и живописни градини и дворови, но хортнезијата е цвеќе кое може подолго време да живее и во вазна, па така со својот раскош да ви го разубави и домот.
Големите, згуснати кластери цветови цветаат преку цела сезона, сѐ до зимата. Повеќето видови толерираат сонце, особено ако се работи за силно попладневно сонце. Цветовите ја менуваат бојата зависно од нивната старост: од кремасто бела боја кон црвеникава и на крајот на есента и зимата стануваат темно кафеави.

Како да ги декорирате во вазна? Може да додадете од нивната магија на секоја свечена трпеза или едноставно да ѝ дадете централно место во вашата дневна соба, па така да ви го разубавува секојдневието. Следуваат неколку инспиратвни идеи...

Фото: Пинтерест

Објавено:
22 јули 2022
Категорија: 
Култура
Прочитано:
1.181 пати