Инклузивен музички настан по повод Светскиот ден за подигнување на свеста за Аутизам

30 март 2022

На 2 април (сабота) со почеток од 11:00 часот во Зоолошката Градина – Скопје, здружението за поддршка и третман на лица со аутистичен спектар и атипичен развој “Во мојот свет” организира настан по повод меѓународниот ден на свесноста за аутизмот.

Во програмата освен едукативниот дел ќе има и забава за најмладите, проследена со интересна програма во која срдечно се вклучија децата од „Златно Славејч“е, танцовото студио „Еурека“, зумба со Ирена Лозана, тетарска претстава со уличните акробати и жонглери од ФАЗБАБЛ, куклено мега шоу со Валентино и откачениот пантомимичар Мето.

Целта е подигнување на свесноста за Аутизмот и оваа година е 10-то одбележување на овој значаен ден. Затоа оваа година во подготовка и реализација се вклучија и Здружение на родители на деца и возрасни со Аутизам и сродни состојби “Сплотени срца” – Штип, Здружение на граѓани за едукација, инклузија и ран третман на лица со посебни потреби, невладина организација „Боиме сино“ – Илинден, Маргарет Курт Талеска од здружението „Куќа на среќата“ и Ирена Лозана од компанијата „Смартер Гаиа“ иницијатори и организатори на проектот „Сончогледи кон сонцето за видлива и невидлива попреченост“ под мотото „Разбери, Прифати, Сакај...создади инклузивна свессност“, Сашо Стојановски, истакнат музичар, хуманист и иницијатор на повеќе настани. Креаторот на проектот за кој сите зборуваат. Проект-Дифрент, Здружение за психолошки, дефектолошки и логопедски услуги " Центар Савант", Фондација Енигма.

Со резолуција на Генералното Собрание на Обединетите Нации од 2007 година, 2-ри Април се одбележува како Меѓународен ден на свесноста за Аутизмот, а симболично многу објекти во светот се осветлуваат во сина боја.

Здружението Во Мојот Свет веќе 10 години активно ја поддржува кампањата Light It Up Blue, а години наназад во сино беа осветлени многубројни значајни објекти во земјата.

 

Објавено:
30 март 2022
Категорија: 
Култура
Прочитано:
91 пати