Интерактивна промоција на „Дневникот на едно шмокле“ пред ТРИ во ГТЦ

28 мај 2019

„Дневникот на едно шмокле“ од Џеф Кини е еден од најпродаваните и најпознатите серијали што го сакаат децата низ целиот свет и тоа со добра причина.

Познат е по интересните приказни, смешните илустрации и Грег Хефли - херојот со кого секое дете може да се идентификува. Серијалот што досега е продаден во над 200 милиони примероци во светот, кој има 65 изданија и е преведен во повеќе од 140 земји, отсега децата ќе можат да го читаат и на македонски благодарение на Издавачки центар ТРИ.

По тој повод, Издавачки центар ТРИ на 29 мај (среда), со почеток во 11 часот, пред Книжарница ТРИ во Градскиот трговски центар ќе одржи интерактивна промоција на овој светски хит. Со драматизација на определени делови од книгата, младите актери ќе се обидат да им ја доловат содржината на најмладите со тоа што ќе ги насмеат и ќе ги заинтересираат да ги прочитаат овие одлични книги.

Со ваквиот начин на промоција на книгите за деца, од ТРИ веруваат дека ќе ги поттикнат децата на читање и на тој начин ќе успеат да ги развијат читателските навики кај нив. 

Објавено:
28 мај 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
102 пати