Сакаме да признаеме или не, Интернетот го презеде приматот над реалноста и нормалната комуникација меѓу децата е минато затоа што виртуелните теми и разговори многу повеќе доминираат од вас како родители и вашиот пристап генерално. Но, се поставува прашањето колку навистина знаете колку време вашето дете поминува пред компјутер и што точно чита и гледа?!
Познатата психотерапевтка Џули Лин Еванс зборува за драматичниот раст на забележителна бројка деца кои се самоповредуваат, анксиозни се, анорексични, депресивни, се случуваат самоубиства меѓу тинејџерите, а многу бргу доаѓа и до еден заклучок. За се се виновни паметните телефони. Тоа е причината за паралелните светови, а родителите немаат големо влијание. Најголем проблем се порно содржините затоа што децата не може да го разберат контекстот. Некои родители разговараат со децата за тоа што може да очекуваат на Интернет, но генерално мислат дека тоа не е приоритет. Последното истражување вели дека 28% деца на 11 и 12 гoдишна возраст во Британија гледаат порно содржини, а процентот се зголемува до 65 % кога станува збор за деца од 15 години.
Првиот пат кога децата ќе ги видат овие содржини се проследени со гадење, шок, збунетос, но и покрај тоа, продолжуваат да гледаат. Она што е вознемирувачки како факт е дека 42% од децата на 15 годишна возраст сакаат да го реализираат виденото, што реално, води кон нездрави односи, насилство врз партнерите во иднина. Затоа бројот на тинејџерите кои бараат помош од психолог е се поголем, затоа што доаѓаат девојчиња со сведоштва кои се шокирани од прашањата кои ги слушаат од страна на момчињата кои пак тие од друга страна, мислат дека се тоа нормални прашања затоа што така слушнале и виделе на Интернет. Минатата година, Би Би Си ќе забележи 500 сексуални навреди и други облици на напад во училиштата. Оваа бројка вклучува и силувања.
На прашањето кон професорите за тоа како се однесуваат средношколците за време на наставата, тие одговориле дека има забележителен пораст на насилство на кое морале да реагираат и вон наставата како и вербални навреди.
Лин Еванс преку своите терапевтски разговори доаѓа до податоци кои покажуваат дека анксиозноста и стравот се најголеми причинители за затворање на личноста во сама себе и невозможноста да се разговара со родителите .
После 25 години работа, таа ќе дојде до еден заклучок дека една работа не се сменила со години, а тоа е родителскиот пристап кон децата.
Потребно е да се укажува на родителите постојано дека сите теми на разговор се отворени, нема табуа околу сексуалноста, но и насилството во контекст на превентивно дејствување. Бројката на девојчиња кои се самповредуваат е се поголем, дури 87% и што е најсрашно, тие не бараат помош. Развод на родители, финасиска криза, зголемениот притисок децата да бидат подобри од братот или сестрата на училиште... Најголем проблем се сепак социјалните мрежи каде децата си создаваат свој „реален“ свет за животот. Дома немаат поддршка да разговараат на многу теми и затоа бараат спас во паралелните светови. Сакате вие да си признаете или не, Интернетот го зеде приматот над реалноста и комуникацијата со вашите деца е дамнешно минато, затоа што виртуелните муабети се многу повеќе доминатни од вашиот пристап.
Ова сето не значи дека треба да им забраните пристап на Интернет, туку да почнете да се бавите со тоа колку и како вашите деца поминуваат време пред компјутер. Разговарајте отворено со нив на секоја тема, пробајте со тоа што ќе барате на Интернет работи кои вашите деца сами ги пребаруваат. Примерно секс со животни вам нема да ви падне на памет, но запрашајте се што ако децата веќе тоа го изгуглале, а вие и понатаму молчите. Ќе им помогнете ако разговарате со нив.
Направете листа на правила:
1.Одредете точно време на користење на мобилниот телефон и компјутер и на тој начин ќе го избегнете константното влијание на социјалните мрежи врз вашите деца. Особено пред спиење кога им треба одмор и добар сон.
2.Фокусирајте се на образование и домашната задача ќе ја ставите како приоритет, а не времето поминато на социјалните мрежи.
3.Бидете во тек со друштвените мрежи и нивната доминација, бидете актуелни и информирани. Објаснете им што значи виртуелно другарче и колку вистински пријатели може навистина да имаат.
4.Не им зборувајте дека е нешто глупаво или неостварливо затоа што тие веќе научиле по пат некои работи кои и покрај се функционираат. Обидете се да им објасните колку тоа нависина се вклопува во вашите стандарди и зошто е тоа така.
5.Слободно одземете им ги телефоните, затоа што на тој начин ќе може полесно да почнете разговор со нив. На почетокот ќе ви се лутат, но со тек на време ќе го прифатат тоа и ќе се прилагодат.
6.Бидете им пример и оставете го вашиот мобилен кога ќе разговарате со нив. На тинејџерите им е потребно насочување. Без тоа ќе се чувствуваат несигурно и загубено, а ако вие како родители не знаете што се случува, нема да знаете да им укажете. Времето поминато на Интернет е многу поголемо време, отколку време поминато со родителите и затоа е исклучително важно да учествувате многу повеќе отколку што мислите. Ако тоа не го сторите, Интернетот ќе им биде новиот родител.
Почнете веднаш да разговарате со вашите деца, оставете се друго!
Бејбимама