Под еколошката парола „Празнење батерии“, овој петок (24. Октомври) во скопскиот клуб Хавана ќе се одржи едукативен музички настан со цел да се подигне еколошката свест кај луѓето и емпатијата кон природата.
Музичката програма на настанот ја збогатуваат: Нокаут, "Eye Cue", "DJ Chvare", "Funk Shui", Марлон Брандо и "DJ K-105".
За влезница треба да донесете 5 (или повеќе) празни батерии или еден нефункционален телефон или празна батерија од лаптоп/фотоапарат, симболично и на овој начин подржувајќи ја иницијативата за еколошко освестување.
Целта на настанот е добра забава и развивање на свеста кај младите за селектирање и рециклирање на батериите и мобилните телефони. Настанот е дел од проектот Гоу Клин. Целта на проектот е воспоставување на одржлив систем за управување со отпадни батерии и помал електронски отпад. Проектот е поддржан од Норвешката Амбасада во Белград и Т - Мобиле.
Во пресрет на настанот е снимена и видео најава во која се појавуваат: Сашко Коцев, Сашо Гигов - Гиш, Антонио Јовановски, Елеонора Јовановиќ, Катерина Попева, Огнена Ристовска, Кирил Трајковски, Тино Костадиновски, Дајана Аритоноска, Јована Аврамовска и Марко Соколовски.