Изложба на еден од најомилените модни фотографи во Париз

10 јуни 2014

На изложбата ќе бидат претставени два различни проекти, меѓу кои ќе бидат и дела кои фотографот до сега ги нема нигде прикажано. Првиот проект „Extremes“ како и самиот наслов прикажува скапи дела од Тестино, во кои се вклучени познати модели и ѕвезди во провокативни изданија.

Вториот проект е со наслов „Alta Moda“ и во него главна улога имаат моделите кои се облечени во традиционални носии од Перу. Инаку, ова е прв пат Марио да има изложба во Европа и токму затоа се претпоставува дека посетеноста ќе биде

голема.

Објавено:
10 јуни 2014
Категорија: 
Култура