Изложба на Ерина Богоева „Затемнетиот град“ во Музеј на современа уметност

17 октомври 2017

Во петок (20-ти октомври) со почеток во 20 часот во Музејот на современа уметност во Скопје, ќе биде отворена изложбата на фотографии на нашата позната фотографка Ерина Богоева.

Изложбата „Затемнетиот град" е дел од поширок истражувачко-фотографски проект кој треба и понатаму да ја следи архитектонската скулптура на територијата на Р Македонија, а е започнат од страна на авторот во 2012 година. Изложбата е дел од „Нов културен бран 2017" помогнато од Министерството за култура на Македонија.

Ерина Богоева

Во овој дел на на проектот ќе бидат изложени фотографии од архитектонските скулптури на архитектите Јанко Константинов, Георги Константиновски, Славко Брезовски, Едвард Равникар, Марко Мушич и други.

Објавено:
17 октомври 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
243 пати