Изгледот на беградската кафетерија „Гардош" ги освои и граѓаните на овој град, но и сите што го видоа нивниот празничен амбиент.
Многумина посакаа да можат да го посетат, а голем број луѓе и го сторија тоа. Сепак тој, очекуван или не, наплив на посетители, го примора тимот на кафетеријата да ги тргнат мечињата, а причините за одлуката ги соопштија на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
„Драги наши,
Ви се обраќаме во име на нашиот локал, кој со години го градиме и сакаме и вложуваме огромна енергија за да ви ја пренесеме сета љубов и посветеност кои ги негуваме кон оваа работа. Вие, досега, тоа со сето срце го ценевте и ја забележувавте секоја наша иновација и труд. Благодариме на тоа.
За жал, досега најубавата работа и магија која сакавме да ја создадеме и оваа чудна година да ја направиме навистина посебна, доведе до тоа да мораме да се откажеме од идејата за нашите мечиња, поради огромното внимание и концентрација на луѓе која се случи поради нив.
За сега, тие ќе мора да почекаат некое поубаво време и некоја нова бајка, бидејќи нам вашата и наша безбедност ни е на прво место.
Со цел одржување на добро здравје и здрав разум, моравме да преземеме комплетна одговорност и да го направиме овој чекор. Секој наш апел или молба за почитување на мерките беа протолкувани како непрофесионализам, па дури и немарност да им угодиме на сите.
Во тој контекст, мораше да дојде и до тоа нашите мечиња да се повлечат и да почекаат некое поздраво време. Се надеваме дека и понатаму ќе уживате во омиленото кафе, чаша добро вино и во нашите слатки, а нам ни е бескрајно жал што овој меден момент моравме да го запреме.
Останете ни здрави и ведри“, се вели во соопштението.
View this post on Instagram
По оваа нивна одлука, луѓето упатија различни коментари, некои изразија желње што морало да дојде до тоа, други пак ја поздравија нивната одлука честитајќи им на одговорната работа, на некои им се допадна што конечно ќе можат на мир да го испијат своето кафе, а други пак се пошегуваа - „Кој се сликаше - се сликаше“.
Инаку, српските медиуми пренесоа дека сопственикот на кафетеријата се согласил дел од мечињата да ги даде на лицитација за хуманитарни цели. На Фесјбук страницата „Лицитирај за живот“ објавена е лицитацијата за првото мече, а приходот од неговата продажба ќе оди за двегодишната Анка Маниќ, која боледува од тешка, смртоносна болест, спинална мускулна атрофија.
Почетната цена е 3.333 динари, а лицитацијата ќе трае денеска до 19 часот.