На 27 јануари, најголемиот крузер на светот Icon of the Seas го започне своето прво патување. Огромниот брод отплови од Мајами, а ќе патува до Источните Кариби.
Крузерот којшто вреди две милијарди долари, е изграден на брооградилиште во Финска и може да превезе 7600 гости заедно со 2350 членови на екипажот.
Icon of the Seas меѓу другото го има и најголемиот воден парк на брод со површина од 1600 квадрати, на којшто се сместени шест тобогани.
Покрај базените, располага и со џакузи, спа центри, сали за вежбање, бутици, кино и над 35 ресторани, барови и салони.
Оние кои ги сакаат зимските спортови ќе можат да ја посетат најголемата ледена арена Absolute Zero, каде ќе можат да лизгаат но и да гледаат настапи на професионалци.
На бродот има и повеќе од 50 комичари и музичари за оние кои сакаат добра вечерна забава.
Погледнете како изгледа ова импресивно здание.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram