Празниците се моменти за паметење, за надеж, за убави желби и за споделување на среќа со најблиските.
Секој ги прославува на свој начин, некој поскромно, некој опкружен со луксуз. За оние чијшто буџет е прилично голем празниците изгледаат малку поинаку.
Богатите воопшто не штедат кога станува збор за украсување на нивните домови и секогаш сакаат да направат нешто ново, возбудливо и невидено.
Адел Грегсон сопственичка на британската компанија за луксузни декорации The Christmas Company вели дека треба многу време, посветеност и кративност за да се опслужат нивните клиенти.
Како што и самата потенцира барањата некогаш се претерани, но тоа за нив е само уште еден предизвик што на крај сепак успеваат да го остварат.
“Еднаш ни побараа да сместиме вкупно шест елки со различна големина од шест, пет, четири и три метри во истиот дом. За тоа ни требаа 18 луѓе коишто работеа од шест наутро до 11 вечерта.
Голем број на клиенти бараат дискреција, па дури не се дозволени ни телефони. Адел вели дека понекогаш се потребни шест недели за да се направи инсталацијата, односно да се најдат и соберат сите потребни украси.
Од огромни LED елени во градината, до роботи на врвот на елката, желбите на клиентите се понекогаш вистински предизвик. Имавме нарачка за розов Божиќ, па моравме секаде да бараме сијалички во специфична боја.Создадовме и магично игло во ходник, украсивме 14 елки и покривме под со вештачки снег...
Според неа деталите играа клучна улога, а годинава во тренд е многу стаклен декор, многу светилки, и елегантни светки.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram